Магацините во ЕУ полни со кафе кое не може да се пласира на пазарот


Стотици илјади тони кафе и какао складирани во магацини во Европската унија би можеле да бидат уништени како непредвидена последица на законот за уништување на шумите што стапи на сила во јуни оваа година.
Законот забранува продажба на производи, вклучувајќи кафе, какао, палмино масло и гума, кои се одгледуваат во области каде што се расчистуваат шумите, пишува Фајненшл тајмс.

Производите се складирани во ЕУ, за време на транзициониот период кој трае до декември.