Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција: Слушнете ја неговата најнова песна (видео)
Влатко Лозаноски – Лозано има нова песна „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде цели три дена траеше снимањето на истиот.
Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески.
За овој видеоспот беше изработен специјален костим, а него го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.