Локализиран пожарот кај каменичкото село Цера


Локализиран пожарот кој денеска попладне ја зафати месноста ,,Куклите” во атарот на каменичкото село Цера. Во пожарот како што информираше командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски зафатена била површина од 10 хектари.

-Опожарени се и овошни насади и дрвени огради кои се наоѓаа во близина. Причинета е материјална штета со уништена папрат, букова шума и сува трева, истакна Трајчевски.

Во гаснењето на пожарот, како што додаде, учествувале едно возило (пикап) со двајца пожарникари од М.Каменица,  три лица од месното население и три лица со теренско возило од Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Во исто време, како што додаде командирот на Територијалната противпожатна единица од М.Каменица, со еден пожарникар и возило цистерна угасен е пожар кој се појавил на запален оџак на улицата ,,Методи Митевски – Брицо” во М.Каменица.