Лога: МАНУ остана „лулка на србизацијата“ во Македонија
Резултатот од изборите на 8 мај ќе биде почеток на вистински судири помеѓу Македонците и Албанците, порача вчера министерот за правда Кренар Лога во емиисијата „Интервју во Шења“ на ТВ Шења.
– Мислам дека Алијанса за Албанците извлече добра лекција од локалните избори во Град Скопје и уште тогаш сфати дека не треба да соработува со ВМРО-ДПМНЕ. Затоа дадовме можност да се случат уставните измени и да се разбие уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ – изјави министерот.
Тој жестоко ја искоментира и изјавата на новиот претседател на МАНУ, Живко Попов, кој истакна дека укинувањето на Балансерот, уставните реформи и враќањето на унитарниот карактер на државата се неговите три приоритети кои ќе ги реализира како нов претседател на МАНУ.
– Враќањето на унитарната држава значи дека земјава се враќа пред 2001 година и ова претставува вознемирувачки повик. Претседателот за кого станува збор е татко на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е линијата која се обидува да да изгради ВМРО ДПМНЕ, но и која ја гради секој ден. МАНУ не успеа никогаш да се реформира и си остана „лулка на србизацијата во Македонија“ – истакна Лога.
Запрашан дали може да се повтори сценариото од 2006 година за Албанците, Лога рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неколку пати предупредил дека преферира и ќе ги избере оние Албанци кои се во опозиција.
-Се знае зошто ќе ги изберете тие Албанци во опозиција. Проблематично е кога договарате агенда како што е поставувањето на крстот во Тетово…, изјави Лога.
-За жал, мојата партија е погодена одвнатре и поминуваме низ транзициски период со кој се менаџира штетата да биде што помала, за да се консолидираме до изборите што не очекуваат на 8 мај, додаде тој.
Тој очекува заедно со другите прогресивни сили да се соочат со се што се очекува да се случи во Македонија.
– Гледате дека другата партија што е одвоена од СДСМ, а тоа е партијата на градоначалникот на Куманово, се јавува како сестринска партија на Левица. Партијата ја покажува истата линија на комуникација, национализација како Левица“, рече Лога, споменувајќи дека македонската опозиција е целосно усогласена дека балансерот не треба да постои.
-Но, во овој дух сите тие бараат Македонија да се редефинира и да влезе во некаква криза. Ова не и служи на Македонија, затоа што ќе ја поништи Македонија. Ова им служи на руската и српската линија денес. А, тоа многу јасно се покажа при неизгласувањето на уставните амандмани. Затоа што се купува време за светот да се редефинира и да се негува илузијата кај Македонците дека ќе се врати славното време…. Мислам дека и покрај инсистирањето на овие деструктивни сили во Македонија, тие нема да успеат бидејќи Македонија е земја членка на НАТО и опкружена со земји членки на НАТО, рече Лога, додавајќи дека една од најдеструктивните сили е ВМРО-ДПМНЕ.