Лога го дисциплинира Уставниот суд откако му ја укина „националноста“ во документите


Министерот за правда Кренар Лога (Фото: Б. Грданоски)

Министерот Кренар Лога ја поздравува одлуката  на Уставниот суд  за укинување на  уште еден пропис по поднесена Иницијатива  за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник.

Со оваа одлука се укинува Правилникот за формата и содржината на прекршочнниот платен налог, донесен од министерот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија број 128/2023). Воедно уште еднаш тој побара од  Уставниот суд по службена должност  да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52  од Уставот.

Исто така ,непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд ,знаел или можел да знае, подразбира основа за   кривична одговорност, бидејќи тие би требало да ги следат прописите кои се објавени во Службен весник, стои во реакцијата на кабинетот на Лога.

Оттаму посочуваат дека Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок.

-Од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, велат од Министерството за правда

Подоцна Лога реагираше и со пост на фејсбук со кој го етнизираше Уставниот суд, односно тврди дека мнозинството го надгласало малцинството во оваа институција, иако кадрите во него се избрани според квалификациите, т.е. да се добри судии, а не според Бадентер.  

„5 : 3 надгласување од страна на судиите од мнозинството (54%) врз судиите од НЕмнозинството (46%), напиша Лога во оваа шпанска серија од реакции за барањето што немаше никаква логика – да стои етничката припадност во матичните книги.