Лога демантира дека најавил меѓуетнички судир, толкувањата ги смета за злонамерни


Министерот за правда, Кренар Лога, реагираше на написите околу неговото интервју за ТВ Шења, кои асоцираат дека тој предвидува вистинскиот судир меѓу Македонците и Албанците да се случи дури сегам односно по изборите во државата. Тој пренесувањето  на дел од одговорот на прашања и констатираната состојба го оцени како злонамерен чин за пропаганда на сметка на предизборната кампања.
 
-Идеолошкиот судир Запад-Исток, во ниту еден момент не смее да се претставува како судир меѓу Албанците и Македонците, а најмалку како нешто  кажано од моја страна. Тоа што е  општо  познато во нашата земја е дека во Северна Македонија има прогресивни европски сили и регресивни проруски струи.Македонскиот и албанскиот народ ниту еднаш немале судир меѓу себе, ниту пак ќе имаат во иднина, што е докажано низ вековите. Политичкиот судир и дебатата меѓу политичките партии на Албанците и Македонците не смее да се доведе во контекст на судир меѓу народите. Проруските сили и нивната пропаганда за жал земаат простор и во медиуми, без да водат сметка за иднината на нашата држава, порача Лога.