Лога бара нова заклетва: Кога може Обама, може и Сиљановска!


Министерот за правда Кренар Лога (Фото: Б. Грданоски)
Министерот за правда, Кренар Лога осврнувајќи се на заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на својот Фејсбук-профил сподели видео од првата заклетва на поранешниот американскиот претседател Барак Обама која не одела според планот и порача:

„Кога можат САД и Обама, можат и Северна Македонија и Силјановска“.

На видеото е првата неточна заклетва на Обама и следниот ден повторена по вторпат заклетва според прописите.

По насока од грчкото Министерство за надворешни работи, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа, откако Силјановска-Давкова наместо Северна го употреби името Македонија и во заклетвата рече дека ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Република Македонија. Не остана до крај на свечената собраниска седница за да го слушне говорот на новата претседателка која им го посвети на жените, за кои кажа дека сака да ги инспирира.

Изоставањето на „Северна“ е ударна вест во грчките медиуми кои говорот на Силјановска-Давкова го оценуваат како провокација. Освен реакции и критики до новата претседателка на земјава стигаат и честитки од амбасадори и странски дипломати. Го поздравуваат моментот што претседателката првиот говор им го посвети на сите жени за, како што кажа, да ги инспирира.