Љутков ќе ја посети оштетената куќа на Владо Малески во Струга
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид.
Министерот Љутков, како што соопшти неговиот кабинет, во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 – куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство.
Во Охрид министерот Љутков ќе ја посети библиотеката „Григор Прличев“, каде ќе се обрати на пригодната свеченост по повод враќањето на „Пчињското изборно евангелие“ кое важи за најстар ракопис зачуван во фондот на библиотеката.
Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков се директно одговорни за рушењето на домот на Малески
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Министерството за култура се брани, дозволата за градба до куќата на Малески била од времето на СДСМ