Лив Улман за Нобеловата награда на Трамп:„Ќе ја изгуби…


Берлин – Норвешката филмска легенда Лив Улман (87) сугерираше дека медалот за Нобелова награда за мир што американскиот претседател Доналд Трамп го доби од лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, веројатно нема да остане во негова сопственост . Иако Мачадо му го додели на Трамп златниот медал што го добиваат лауреатите, наградата формално останува нејзина. 

Актерката, режисерка, сценаристка и муза на Ингмар Бергман го изрази своето изненадување од овој потег, синоќа на доделувањето на Европските филмски награди во Берлин , откако ѝ беше доделена наградата за животно дело од Жулиет Бинош.

„Сентиментална вредност“ на Триер е прогласен за најдобар европски филм

„Толку сум горда што бев дел од забавата, од филмовите, особено сега, кога светот е чуден и страшен и тежок за решавање… она што се случува сега е навистина надвор од разбирањето“, рече таа.

„Јас сум Норвежанка, даваме Нобелова награда на некој што ја заслужувал и одеднаш таа Нобелова награда оди кај некој друг. Толку е чудно, толку чудно и затоа сум среќна, особено сега што имаме закони кои велат дека ако ја злоупотребите Нобеловата награда, ние ви ја одземаме. Некој на власт во Соединетите Држави може да биде разочаран. Ќе ја изгуби… Јас сум среќна.“

Прогласена за една од најголемите живи европски актерки, Улман првпат постигна меѓународна слава со појавувањата во филмовите на Бергман, вклучувајќи ги Cries and Whispers (1972), Scenes From A Marriage (1974), и Autumn Sonata (1978). Два пати беше номиирана за Оскар.

Норвешкиот Нобелов институт јасно стави до знаење дека не е задоволен од потегот, велејќи во соопштението дека наградата „не може да се поништи, сподели или пренесе“.