Лив Улман ќе ја добие наградата за животно дело од Европската филмска академија


Легендарната норвешка актерка Лив Улман  (86) е добитничка на наградата за животно дело од Европската филмска академија (ЕФА). Наградата, како што соопшти Академијата, е признание за нејзиниот извонреден опус како актерка, режисерка и сценаристка и за придонесот во филмот, а ќе ѝ биде врачена на 38. доделување на Европските филмски награди на 17 јануари 2026 во Берлин.

Лив Улман, претходниот месец, ја доби наградата за животно дело на 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025 во Скопје

Родена во Токио, Улман пораснала во Канада пред да се пресели во Норвешка со мајка си и сестра ѝ. По завршувањето на студиите по глума, таа на крајот се приклучила на ансамблот на Норвешкиот национален театар во Осло и веќе била призната актерка кога го запознала Ингмар Бергман во средината на 1960-тите.

 

Работата со шведскиот режисер и заедно со актерите како Биби Андерсон, Ерланд Јозефсон и Макс фон Сидов, ѝ донесе меѓународна слава и признание на Улман. Таа играше во 10 филмови на на големиот Бергман, меѓу кои и легендарниот „Персона“, режираше две негови драми и со него ја има ќерката Лин Улман.

Улман доби Златен глобус за најдобра глумица во 1972 за филмот „Емигрантите“ (1971) и била номинирана за уште четири. Во 2000 година  била номинирана за Златна палма за нејзиниот втор филм како режисерка, „Неверници“. Има добиено и две номинации за БАФТА награда за улогите во „Сцени од брачниот живот“ (1973) и „Лице в лице “(1976) и две номинации за Оскар за „Иселениците“ и „Лице в лице“.
Нејзиниот најнов режисерски потфат е „Госпоѓица Џули“ со Колин Фарел и Џесика Честејн.
(Варајати)