Линдзи Вон објави вест што милиони фанови ширум светот ја чекаа
Светот на скијањето конечно ја доби потврдата што со нетрпение ја очекуваше. Линдзи Вон (41), легендарната американска скијачка, ја објави веста со која го отстрани последниот сомнеж за нејзината спортска иднина
Иако ја изненади јавноста пред две години враќајќи се од пензија, денес е јасно дека потегот бил целосен успех. На 41 година, Линдзи Вон повторно изгледа моќно во брзите дисциплини оваа сезона, а круната на нејзиното враќање дојде со победа во спустот во Сент Мориц.
Американката е постојано на самиот врв – се натпреварува за победа во спустот и супер-џи во речиси секоја трка од Светскиот куп. Затоа не е изненадувачки што таа ќе биде меѓу главните имиња на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во февруари 2026 година.
Таа самата ја даде официјалната потврда – со објава на Инстаграм. Вон откри дека формално се квалификувала за олимпискиот тим на САД, а во својот препознатлив стил, веста ја проследи со привлечна фотографија и моќна порака што уште еднаш покажа дека нема намера да се задоволи со споредна улога.
„Чест ми е што повторно ја претставувам мојата земја, на моите петти и последни Олимписки игри! Кога донесов одлука да се вратам на скијањето, секогаш го имав окото кон Кортина бидејќи тоа е место кое е многу, многу посебно за мене. Иако не можам да гарантирам никакви исходи, можам да гарантирам дека ќе дадам се од себе секој пат кога ќе започнам трка“, напиша Вон, додавајќи:
„Без разлика како ќе завршат овие трки, се чувствувам како веќе да сум победила. Благодарна сум за тоа како помина сезоната досега, но јас само што започнав.“
Ова ќе бидат петти Олимписки игри за Вон во нејзината кариера.