Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково


Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.

„Управниот суд ја прифати претставката на коалицијата ВЛЕН во врска со избирачкото место во Липково, каде што имало полнење на кутијата од луѓе блиски до носителот на листата на ДУИ во оваа област, преку техниката позната како „бугарски воз“. Решението на судот покажува дека тужбата на кандидатот на претседателските избори Арбен Таравари е прифатена“, рече Лимани.

Според Лимани, тоа го докажало изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните органи да постапат за одговорните за кражбата на гласовите да бидат изведени пред лицето на правдата.

„По парламентарните избори на 8 мај режимот на ДУИ ќе пропадне. Коалицијата ВЛЕН како следна влада ветува дека ќе го санкционира секој обид на власта во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.