„Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе отвори маркети во осум града


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека германскиот синџир на маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обрска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

„’Лидл’ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека синџирот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.

„’Лидл’ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите синџири низ Југоисточна Европа“, рече тој.