Лицата со попреченост попладнево на протест – ќе пуштат 35 балони за 35 години независност


Фото: Б. Грданоски

Попладнево, од 17.30 часот, пред Министерство за социјална политика, демографија и млади, протестираат лицата со попреченост, кои имаат десерт барања од власта, меѓу кои и зголемување на часовите за лична асистенција, редовна исплата на детска и социјална помош, донесувањеназаконскитеизмени и друго, што ќе овозможи достоинствен живот. 

Токму тоа е и мотото на протестот на Коалицијата „Менуваме“ – „За достоинствен живот“, посветен на заштита на правата, достоинството и квалитетот на живот на децата и лицата со попреченост.

„Премногу долго, децата и возрасните со попреченост живеат со неизвесност во врска со правата што се гарантирани со закон. Правата што треба да обезбедат самостоен живот, еднакви можности, социјална инклузија и учество во животот на заедницата премногу често се одложуваат, намалуваат или остануваат неисполнети. Намалувањата на часовите за лична асистенција, нередовната исплата на детска и социјална цивилна заштита, доцнењата во финансиската поддршка, одложените законски измени и недоволната имплементација на политиките поврзани со попреченоста директно влијаат на секојдневниот живот на илјадници луѓе и нивните семејства“, велат во најавата за протест.

Потсетуваат дека како држава, Северна Македонија се обврза – преку својот Устав, националното законодавство и Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост – да обезбеди лицата со попреченост да можат да живеат независно, целосно да учествуваат во општеството и да уживаат еднаква заштита на своите права.

Овие обврски не смеат да останат зборови на хартија.

Како дел од протестот, Коалицијата Менуваме ќе одржи симболичен настап со пуштање 35 балони со пораката на протестот „За достоинствен живот“.

Бројот 35 ги претставува 35-те години независност на Северна Македонија и служи како потсетник дека достоинството, еднаквоста и инклузијата мора да бидат во срцето на иднината на нашето општество.