Левица тврди дека СВР Велес станало „семејно гнездо“ на Тошковски
Политичката партија Левица објави денес дека наспроти ветувањата за градење на професионални институции, добила информација за СВР Велес, што што по налог на министерот Панче Тошковски, е претворен во семејна филијала.
-Според нашите извори, братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи – Наумов и Благојче Хаџи – Наумов, како со магично стапче напреднале во своите кариери. Едниот од помлад инспектор веќе станал самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски, а другиот, од обичен полицаец, добил звање на виш инспектор.За потсетување, неодамна Тошковски го протурка и својот некомпетентен баџанак за доцент на Факултетот за безбедност – Скопје, потиснувајќи студент на генерација со врвни академски успеси. Очигледно, за Тошковски, трудот и знаењето се ирелевантни категории кога фамилијарниот телефон ќе заѕвони.
Додека главни “реформи” во полицијата се прилагодување на истата на фамилијарните апетити, граѓаните се оставени сами на себе да се борат со неизвесноста, криминалот и безредието во Македонија. И за актуелната власт, институциите се чифлик, а функциите – аманет доверен за благосостојба на нивните блиски. Скандалите за непотизам и кронизам станаа секојдневие за оваа влада која бесрамно ги гази своите предизборни ветувања, соопштија од Левица.