Левица изненадена што Македонија обучува украински војници

За Левица исполнување на обврските од членството во НАТО е подаништво од страна на актуелната влада. Испровоцирана од информацијата дека Македонија, како и други земји членки на Алијансата, обучувала украински војници на наша територија, Левица тврди дека со вакви одлуки властите уште еднаш директно ја вовлекуваат државата „во конфротација со земја членка на Советот за безбедност“.
-Ова е само уште еден доказ дека насилното вовлекување на земјата во НАТО нè прави потенцијална мета, заради остварување на интересите на трети држави а на огромна штета на Македонија. Имајќи ги во предвид капацитетите на АРМ, се отвораат следниве прашања: Kој ја вршел целата оваа обука и дали ја спроведувале странски безбедносни структури?
Партијата, која не крие дека е проруска и која живее во времето на Че Гевара, смета дела „ Македонија нема апсолутната никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика која ја води колективниот запад“.
-Уште поизвесно е дека последиците, особено со политиката на санкции, ги плаќаат македонските граѓани, кои се манифестираат преку вртоглавата инфлација во сите сфери на економијата, проследени со хронична енергетска и социјална криза.Молкот за вазалската надворешна надворешна и безбедносна политика на ДПМНЕ, е само поддршка и ветар во грб, за продолжување на истата од Владата на СДСМ и ДУИ. За чии интереси одработува врхушката на „политичката елита?- прашува Левица на која се уште не и е јасно зо што цела Европа е дел од Алијансата и што ќе се случи со Македонија ако не е дел од неа.