Левица: „Брзите кредити“ со рекордни профити на грбот на најсиромашните


Политичката партија Левица денес заклучно со 2023 година финансиските друштва за брзи кредити во Македонија склучиле договори со физички лица вредни над 142 милиони евра.

„Кредитирањето на овие друштва лани се зголемило за 26%. На ниво на сектор, само за една година нето добивката е зголемена за 64% или неверојатни 515 милиони денари (8,3 милиони евра)“, вели Левица во соопштение до медиумите, посочувајќи дека „легалната лихва е еден од најпрофитабилните бизниси преку кои богатите стануваат побогати а сиромашните посиромашни“.

Друштвата за брзи кредити имаат пофлексибилни услови за одобрување на кредити и значително повисоки каматни стапки во споредба со традиционалните банки. Ова доведува до ситуација во која граѓаните, особено оние со пониски приходи, сѐ повеќе се задолжуваат и се соочуваат со проблеми при враќање на долгот, велат од Левица.

Имено, имајќи предвид дека над 90% од активата на финансиските друштва се побарувања од клиенти, ликвидноста на овие друштва во голема мера е условена од успешноста во наплатата на побарувањата како што е договорено. 57% од побарувањата за брзи кредити се наплатуваат со одредено временско задоцнување, а повеќе од една четвртина, или 27%, се наплатуваат со задоцнување подолго од 90 дена што, пак, предизвикува дополнителни скриени трошоци за грaѓаните.