Левица бара оставка од Трипуновски по двата скандалa со поткуп во Министерството
Левица бара оставка од министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството, поточно во Платежната агенција и последниот скандал со Државниот инспекторат за земјоделство, бара партијата Левица.
Деновиве додека оризопроизводителите мака мачат да обезбедат егзистенција од оризот, соочени со неолибералната олигархија која уценува со безобразно ниските откупни цени на оризот, а истиот го продава до 5 пати повисока цена во малопродажба, додека сточарите во неизвесност чекаат за откуп на јагнето во пресрет на Велигденските празници, додека цените на вештачките ѓубрива одат до небо, додека ни се заканува екстремно поскапување на храната од увоз поради високите цени на нафтените деривати, министерот Трипуновски како да не го допира се она што се случува околу него, си шета на кафе муабет со членовите на ДПМНЕ низ Тиквешијата.
Доказ за безидејноста на Трипуновски е и новата кампања која си ја замислил, наречена “Гласот што го слушаме”, алудирајќи на тоа дека земјоделците требало да ги креираат политиките. Ова не е ништо друго туку префрлање на одговорноста од раководните органи и министерството директно на земјоделците. Министерството и министрите се избрани од народот да му служат и да носат стратегии, проекти, одлуки во интерес на народот. Но очигледно дека оваа власт и овој министер се неспособни да ја преземат одговорноста и да го водат секторот земјоделие, затоа одговор на Цветан Трипуновски на сето ова е да си поднесе оставка! – велат од Левица.
Реагираше и СДСМ кои порачаа дека новиот корупциски скандал што ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство повторно се поврзува со криминал преку граница.