Лефков го повика Обвинителството да го гони Дрин Ахмети „експедитивно“
„ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон.ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле.ЈО не смее да не постапува, Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ЏД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1.6 милиони.
Непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ допронело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата.Дрин Ахмети е фатен на дело како прави криминал, случајот е многу јасен. ЈО да постапи, затоа што тоа непостапување допринесе државата да има 2% доверба во судството и обвинителството. Очекуваме брзо процесуирање.
Истовремено најавувам, дека од утре продолжуваме со нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“, порача Лефков.