ЛДП бара да престанат националистичките и варварски провокации

Веруваме дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме и бараме од албанските политички субјекти да го осудат овој варварски чин и со тоа, да ги обесхрабрат идните потенцијални провокатори. ЛДП, како политичка партија каде членуваат и се застапени припадници на сите етнички заедници и религии, смета дека во едно мултиетничко општество треба да се дискутира како да се подобри состојбата во сите сектори на државата и таа да се издигне на рамниште на западноевропските земји. Како либерали, силно веруваме дека во нашата држава треба да царуваат либералните идеали на слобода, еднаквост и взаемна почит, како и тоа дека сите заеднички треба да работиме во насока на реализирање на европската либерална замисла -Обединети во различностите. стои во реакцијата на ЛДП.