Лазаров го одреди составот за мечот со Естонија

Македонската ракометна репрезентација денеска и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година.
Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го одреди составот за дуелот кој почнува од 18 часот, а на кој потребна ни е задолжителна победа доколку сакаме пласман на завршницата на континенталното натпреварување.
На првиот натпревар во Скопје нашите ракометари остварија тешката победа со 37:33. Во групата Словенија е прва со 10 бодови, Литванија има 6, Македонија 2, а Естонија е последна без бод.
Во последното коло, Македонија во недела во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува репрезентацијата на Литванија.