„Духот на антагонизам и самоволие во ОБСЕ е директен резултат на целосната западна нетрпеливост кон руското медиумско присуство“, изјави по тој повод Марија Захарова, портпаролката на руското Министерствот за надворешни работи, која заедно со нејзиниот шеф, Сергеј Лавров, синоќа пристигна во Скопје.

На министерскиот состанок ќе се разговара за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува, а се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта. Треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ. Предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ. (С.Ј.)