Лавров пречекан со незгодно прашање во Турција


„Што од работите украдени од Украина, освен житото, успеа да продаде Русија?-  го праша еден од новинарите министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на прес конференцијата со турскиот домаќин Мевлут Чавушоглу. Место да одговори,  Лавров тврдеше дека Русија ја нападнала Украина – за да ја ослободи земјата од неонацистите.

„Вие (Украинците) секогаш мислите што да украдете и мислите дека другите така размислуваат. Ќе ви одговорам. Наша цел е да го исчистиме истокот на Украина од неонацистички режим. А пченицата, ви кажавме дека не може да се транспортира бесплатно, Русија не прави никаква пречка. Зеленски треба да даде наредба за транспорт“, кажа Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи дојде на разговори со турските власти за  создавање поморска патека за извоз на жито од Украина, но официјален Киев ја услови таквата понуда бидејќи не сака да и се овозможи на Русија да го користи житниот коридор за напади, како што правеше со хуманитарните. Лавров рече дека Москва гарантира  дека, ако Украина започне со деминирање и дозволи повлекување на бродовите од нејзините пристаништа, нема да ја  искористат таа ситуација. Малку изнервиран тој рече дека претседателот Володомир Зеленски треба да даде наредба да се дозволи ослободување на украинското жито од пристаништето Одеса со склучување на договор.