Лавров ја обвини ЕУ за лицемерие и излезе од состанокот
Рускиот министер го обвини ОБСЕ дека молчи кога се загрозува слободата на медиумите во западните земји

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати на министерскиот совет на ОБСЕ и, како што се очекуваше, ги обвини останатите земји членки, а особено ЕУ и САД, за лицемерие и непочитување на принципите на кои почива Организацијата.
Обраќајќи се на, како што рече, бриселската бирократија, Лавров тврдеше дека Европа има проблем со фактографијата и со објективноста и дека заклучоците што ќе се усвојуваат од ОБСЕ овие два дена – се подготвени однапред, сакајќи да каже дека не се резултат на политичкиот дијалог. Тој притоа го обвини ОБСЕ дека молчи кога се загрозува слободата на медиумите во западните земји и се врши врз нив репресија, а ја напаѓа за тоа Русија и дека во Организацијата константно се одбиваат барањата на Москва да се разговара за неонацистичките движења низ Европа и во Украина.
Тој ја обвини Украина дека сака да избрише сѐ што е руско во земјата, дека не признава постоење на руско малцинство, дека го забранува законски рускиот јазик и дека води „одвратна кампања“ против руската црква во земјата. И сето тоа, нагласи Лавров, не е по последната руска интервенција, туку почнало во 2014 година, веднаш по договорот за мир склучен со гаранција на Германија, Франција и Полска.
Со порака дека „неонацистите се добредојдени во ЕУ“, тој заклучи дека нема место за оптимизам и дека ОБСЕ станал додаток на западните земји.
„Режимот во Киев е инвестиција на Вашингтон во неговите себични интереси за ограничување на Русија и решавање на сопствените проблеми на сметка на другите, вклучително и елиминирање на економските конкуренти, првенствено пред лицето на Европската унија. Сегашната ситуација е директна последица на упорните обиди на нашите западни соседи да обезбедат нивна доминација, бесрамно користејќи го ОБСЕ за агресивно продавање на тесногради интереси и намерно уништување на основниот принцип на консензус и самата култура на дипломатијата. Сега нема посебни причини за оптимизам. ОБСЕ во суштина се претвора во додаток на НАТО и ЕУ. Организацијата (да се разбереме) е на работ на пропаст. Се поставува едноставно прашање: дали има смисла да се вложат напори за нејзино заживување?“ – рече Лавров кој на обидите да биде прекинат поради предолгото зборување реагираше со боровите – „Оставете ме сам, ве молам“.
Тој исто така додаде дека токму земјите од НАТО и Европската Унија ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ уште во 1999 година.
„Во тоа време, потсети тој, НАТО изврши груба агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН.И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од завршниот акт на Хелсинки, на Србија ѝ беше одземено Косово без никаков референдум“, рече Лавров.
Тој уште додаде: „Сегашната ситуација е директна последица на упорните обиди на нашите западни соседи да ја осигураат својата доминација, бесрамно користејќи го ОБСЕ за агресивно протуркање преку тесни себични интереси и намерно уништување на основниот принцип на консензус и самата култура на дипломатијата. Западните престолнини со завидна опсесија ги ‘завршуваат’ шансите на ОБСЕ за заживување. Тие веќе создадоа „Европска политичка заедница“ без Русија и Белорусија. Така, на нашиот континент е повлечена уште една линија на поделба, уништувајќи го просторот на ОБСЕ“.
Според него, нема посебна причина за оптимизам. „ОБСЕ во суштина се претвора во додаток на НАТО и ЕУ. Организацијата е на работ на бездната. Се поставува едноставно прашање: дали има смисла да се вложат напори за нејзино заживување?“
Првиот говорник по Лавров, данскиот шеф на дипломатијата Ларс Локе Расмусен оцени дека неговите пораки биле манипулативни, со саркастична оценка „толку од дијалогот“ – бидејќи рускиот министер според него веднаш по говорот што го одржа излегол од состанокот.
Тој му порача на рускиот министер дека нема да успеат напорите на Москва да ја подели Европа и нив да ги обвини за нејзините избори кои се транспарентни, мислејќи на воената агресија во Украина. Расмусен оцени дека ова што се случува во ОБСЕ не е само политика, туку е големо разочарување, бидејќи ОБСЕ бил создадена за да обезбеди мир и стабилност и за да ги држи отворени каналите за дијалог ,но сега се соочува со сериозни предизвици чиј извор е една земја – Русија, и дека токму таа ги загрозува принципите на Организацијата.
Од многуте божем барани средби со Лавров, беше објавено дека тој неочекувано се сретнал со шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан, во услови на тензични ерменско-руски односи. Ереван ја отфрли поканата на Москва да преговара со Азербејџан во руски формат. Претходно тој имаше средба и со унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто кој пак во својот говор единствен се залагаше за поголема соработка и дијалог меѓу Исток и Запад.
Милијарди потрошени за да се убеди светот дека воената интервенција во Украина беше исправна и се уште многу делегации излегуваат за да не го слушаат обраќањето на Лавров, се појави коментар на твитер со видео од атмосферата за време на обраќањето на рускиот министер.
Billions spent on convincing the world that the genocide against Ukrainians was righteous, and people are still leaving the OSCE meeting when Mr. Lavrov opens his mouth.
None of this will end well for Russia in the long term. pic.twitter.com/v0zttOwcUo
— Dmitri (@wartranslated) November 30, 2023
Јан Липавски, чешкиот министер за надворешни работи, на социјалните мрежи напиша дека „не го слушал говорот на рускиот министер за надворешни работи во Скопје“.
„Мислев дека ќе биде покорисно за нашиот колега кој е задолжен за следење на дезинформациите да се биде биде во просторијата во тој момент“, рече тој.