Лаура Ковеши и Европското обвинителство го истражуваат случајот со железничката станица во Нови Сад


 

Европското јавно обвинителство потврди дека е во тек истрага за можна злоупотреба на фондовите на ЕУ поврзани со Железничката станица во Нови Сад, пренесува „Нова.рс“.

Европското јавно обвинителство на чело со Лаура Ковеши, по претходните распрашувања на „Нова.рс“, за овој портал соопшти дека поради големиот јавен интерес потврдуваат дека е во тек истрага за можна злоупотреба на средства од ЕУ поврзани со Железничката станица во Нови Сад.

„За да не се загрози исходот од оваа истрага, не може да се соопштат дополнителни детали. ЕСЈО мора да одлучи за извршувањето на својата надлежност кога е извршена измама во врска со фондовите на ЕУ доделени на земји кои не се членки на ЕУ или на земји-членки неучеснички. Имајќи предвид дека штетата на финансиските интереси на Унијата е составен дел на кривичното дело измама, кога таа штета се случува во Белгија или Луксембург (бидејќи средствата се плаќаат од таму, каде што се наоѓаат институциите на ЕУ), има надлежност на тие земји-членки, а со тоа и јурисдикција на ЕСЈО, без оглед на тоа ако чинот се случил на територија на трета земја“, се вели во дописот на Европското јавно обвинителство.

Оваа информација подоцна во интервју за „Нова.рс“ ја потврди Тина Холевот, портпарол на Европското јавно обвинителство.

За потсетување, 15 лица загинаа при уривање на настрешница во Нови Сад, меѓу кои и две деца. Вишото јавно обвинителство поднесе обвининие против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер Горан Весиќ, но до денес тоа не е потврдено. Поради овој инцидент, студентите најпрвин 15 минути излегоа на улица за да им оддадат почит на загинатите, а по насилството почнаа и студентските блокади. Расветлувањето на овој случај, кое опфаќа објавување на комплетната документација за реконструкција на Железничката станица, е едно од барањата на студентите, кое сѐ уште не е исполнето.