„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето


ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето, информираат од претпијатието. 

– Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени во ЈП Лајка. Истите може да ги донесете директно во самото прифатилиште, на адреса ул.840 бр.2 во населба Маџари, секој ден од 09:00 до 19:00 часот или во нашите обележани куќарки за донации во East Gate Mall и Diamond Mall, се наведува во апелот од Лајка.