Лајчак на вечера со Османи
Специјалниот преставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, вечерва е во Скопје каде што шефот на дипломатијата Бујар Османи му организираше вечера заедно со директорката за регионот од ЕУ, Ангелина Ејнхорст и амбасадорите на Унијата во земјава.
Теми на разговорите биле ситуацијата во регионот и шансите на Македонија во однос на евроинтеграцијата.