„Лада“ ќе произведува автомобили без електроника
Во медиумите се појавија информации кои покажуваат во кој правец ќе оди руската автомобилска индустрија без соработка со Западот.
Со се поочигледното повлекување на Рено, рускиот АвтоВАЗ, како најголем производител на автомобили во земјата, ги консолидира своите сили и се прилагодува на новонастанатата ситуација. Производството започнува во фабриките, почнувајќи со скратена работна недела од четири дена.
Кога станува збор за недостигот на полупроводници и електронски кола, најдено е решение. Следејќи ги стапките на наводната легенда за тоа како Американците потрошија милиони во вселенската трка за да развијат вселенско пенкало, а руските астронаути користеа обичен молив, сега Русите едноставно решија да ја отфрлат електрониката и да произведуваат автомобили како што правеа пред дваесет години, пренесува Банкар.ме.
„Лада Гранта“ е релативно модерен автомобил, но сега е прв што започна еден вид „детјунинг“. Покрај губењето на ABS и ESP, новата Granta ќе се произведува и без воздушни перничиња, а ќе го загуби и системот за итни повици ERA-Glonass.
Кога станува збор за екологијата, моторите на „Лада“ ќе ги загубат сензорите за прилагодување на согорувањето, па стандардот за издувните гасови треба да падне. А за да заштедат време, решиле наводно да го намалат квалитетот на еуро 2, за што наводно нема посебни барања за тестирање како за повисоки стандарди.
Исто така, сега недостапни се и сите делови што доаѓаа од надворешни кооперанти, па сите важни делови во иднина ќе ги произведуваат домашни компании. Истото важи и за моделите „Нива“, а најверојатно и за „Веста“. Кога станува збор за Largus (Logan MCV) и кросоверот XRAY, решението не е целосно пронајдено.
Првите примероци на поедноставената „Лада“ треба да пристигнат на пазарот во рок од еден месец.