Куп тепачки во државава заради паркинг, сообраќај или за ништо
Неколку тепачки нотира денешниот полициски билтен, а луѓе се тепале заради недоразбирања во сообраќајот, за паркинг, но и сопруга решила да го тепа сопругот.
Вчера, во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 21:45 часот во СВР Скопје, К.Г.(40) од Охрид, со престој во Скопје, пријави дека на 25.02.2026 на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје пак, било пријавено дека на 11.02.2026 на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.А.(43) од Скопје и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(45) од Кичево пријави дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 14:00 часот во СВР Скопје, А.Р.(73) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 15:00 часот во СВР Скопје, 26-годишен маж пријави дека на 25.02.2026 во скопско бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга К.В.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.