Куп тепачки низ земјава
Повеќе тепачки се пријавени во Македонија во последното деноноќие, при што настрадале и малолетници, но и биле напаѓани и полицајци.
Во вторникот, во 10.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, Р.М.(44) физички го нападнал В.А.(29), двајцата од Скопје.
Во средата пак, во 2.30 часот, А.Ј.(20) од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу полноќ во истото село бил физички нападнат од Г.Ш. и од уште едно лице.
Истиот ден во 20 часот, С.Р.(43) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат неговиот син од Д.Д..
Во 15.10 часот во село Марино, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен В.Б.(69) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 16.50 часот, З.Т.(59) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице.
Се тепале и во Крушево, каде Д.В. од Крушево пријавил дека околу 19.40 часот бил физички нападнат од Т.Х. од Крушево. Во исто време, во Полициската станица Крушево, Т.Х. пријавил дека околу 19.40 часот на ул.„Никола Ѓурковиќ“ бил навредуван од Д.В., при што настанала расправија.
Во 16.49 часот во СВР Скопје, Д.М. пријавил дека на ул.„Вера Радосавлевиќ“ тој и Р.Ќ. биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.