Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
Проектот за изградба на нова административно-деловна општинска зграда во Куманово започнат пред повеќе од една деценија, сè уште не е реализиран, соопшти секретарот на општината, Емилија Сларидис Јаневска. Советниците на последната седница изгласаа деталниот урбанистички план за дел од урбаната единица „Благој Стевковски Гојчо“ урбан Блок 43 В и 43 Г-Куманово да бидат предмет на давање на долготраен закуп по пат на непосредна спогодба за објекти од јавен интерес. Парцелата е со површина од над 3.000 метри квадратни и е сместена во строго централно градско подрачје.

-Проектот за изградба на општинска зграда административна деловна зграда е од 2011 година. Тогаш е распишан анонимен конкурс за избор на идејни решенија. Пристигнати се пет идејни решенија поделени се прва, втора, трета, награда меѓутоа, авторските права за сите идејни решенија се откупени и се во сопственост на Општина Куманово. Врз основа на првонаграденото идејно решение подоцна во 2013 година преку средства обезбедени од североисточниот плански регион е изготвен основен проект со сите фази. Тој се комплетира, предаден во североисточниот регион и предаден на Општина Куманово. Општина Куманово до денес не располага со средства, а и самото земјиште, парцелата градежна има голем број на објекти коишто се дел во приватна сопственост дел узурпирани и за кои било поднесено барање за легализација, па потоа се одбиени, бидејќи не ги исполнуваат условите да бидат легализирани-објектот сè уште не е изграден – рече Сларидис Јаневска.
Општината тука планира да изгради општинска зграда, бидејќи администрацијата сега е поделена во неколку објекти. Во таа зграда би биле сместени комплетната администрација, како и дел од јавните претпријатија.
Дел од опозицијата реагираше и кажа дека не треба да се дава просторот во центарот на Куманово преку непосредна спогодба, додека Општината се согласува дека најдобро решение е процесот да се води преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Планираната административна зграда има за цел да ја централизира општинската администрација, вклучувајќи и простории за Советот на општината, како и дел од јавните претпријатија кои можат да функционираат во централното градско подрачје.
Проектот предвидува и две нивоа на подземно паркирање, што е значајно во услови на недостиг на паркинг простор во централното градско подрачје.