Кривична пријава за Ф.Е. – користел инсајдерски информации од банка за купување акции


 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за  финансиски криминал на МВР поднесе кривична пријава против Ф.Е. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од кривичниот законик“.

Пријавениот во својство на член на надзорниот одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителната информација тој се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400 денари или вкупно за акциите платил 8,2 милиони денариденари.

Тој сензитивните информации ги пренел и на трети лица, поточно на членови на негово потесно семејство, и тие ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 хартија од вредност (акција) на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност (акција). Односно за акциите бил платен вкупен износ од 11,5 милиони денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000 по основ на ценовната промена на акцијата како и вкупно 646.100 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ“.