Кривична пријава против полициски службеник, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднел кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”.
Како што соопшти МВР, на 24 октомври 2025 година околу 17:42 часот, пријавениот, надвор од работно време, на патот Битола–Новаци управувал патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно со 1,51 промили алкохол во крвта.
Притоа, тој предизвикал сообраќајна незгода, а делото е квалификувано согласно член 297-а став 1 од Кривичниот законик.