МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информираше дека во тек е голема координирана акција во Арачиново за одземање крадени огревни дрва.
Според неговата објава, во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес.
„Имаме голема акција на МВР, Шумската полиција – Скопје и Подружница за шумско стопанство ‘Бабуна’ – Велес, во која се одземаат крадени огревни дрва од Арачиново“, напиша Михаилов.
Засега нема дополнителни информации за количината на одземените дрва, ниту дали има приведени лица.