Криминалец од Турција уапсен на аеродромот во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во неделата, во 15.30 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода О.Г.(21) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ поради сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.