Кражба во обложувалница во Аеродром


Едно лице вчера му се заканило на вработениот во спортска обложувалница на улица „Коста Новаковиќ“ и одзело пари од дневниот промет.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во полиција вчера во 9.30 часот во Полициската станица Аеродром.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.