Кратка средба на Мицкоски со Зеленски

Премиерот Христијан Мицкоски објави на Фејсбук дека денеска во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Англија имал кратка средба и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базирани на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање, напиша Мицкоски на Фејсбук.