Кралот на валцерот Андре Риу со концерт во Скопје
Светската музичка ѕвезда, холандскиот виолинист Андре Риу, познат како “крал на валцерот“, вечерва, во 20 часот, првпат ќе настапи во Скопје и тоа во ВИП-Арената „Борис Трајковски“.
Тој во Македонија доаѓа со својот приватен шеесетчлен оркестар, најголем во светот, како и со многубројни солисти.
„Андре Риу доаѓа во Македонија со сосема ново шоу! Заедно со својот 60-члениот оркестар „Јохан Штраус“ и многу солисти, тој ќе понуди она што се очекува од неговите настапи: маестрално диригирање со оркестарот и изведба на неговата светски позната виолина „страдивариус“, со кои креира извонредни концерти полни со изненадувања. Репертоарот се движи од романтични, емотивни балади до најубави и најпрославени валцери“, стои во најавата за концертот.