Црна Гора ќе го екстрадира во Америка До Квон, јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“


Јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој беше уапсен во Црна Гора, ќе биде екстрадиран во САД, одлучи црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ.

Од Министерството за правда на Црна Гора е потврдено дека Божовиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на До Квон, попознат како крал на крипто валутите.

Екстрадицијата на До Квон ја побарале Јужна Кореја и САД, а Врховниот суд на Црна Гора наложил одлуката за тоа да ја донесе министерот за правда Божовиќ.