Крадел мопеди од училиштен двор во Кавадарци

Вчера, во 11.30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.О.(41) од Кавадарци поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „кражба“.
Кај него се пронајдени и одземени пари, што ги одзел од паркирани мопеди во училиштен двор во Кавадарци.
Одземеното е вратено на сопствениците и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.