Ковачки го обвини Османи за прекумерно трошење пари со лажна фотографија
Пратеникот Драган Ковачки на социјалните мрежи објави фотографија на која напиша: „За 54 маси и 500 столчиња за седење, Бујар ќе му плати на партискиот донатор ДУИ над милион. Апла крадење, без усул“.
Како илустрација пратеникот објави фотографија на која се гледа спортска сала во која во средината има наредено маси за специјални гости, додека останатите седат на регуларни столчиња. Но, многу бргу се покажа дека сцената над која се згрозуваше Ковачки за наводното трошење пари без усул не е во Скопје туку во Софија и е подготовка за концертот на Лепа Брена во главниот град на Бугарија.
Со реакција се јави и министерот за надворешни работи Бујар Османи практично нарекувајќи го шовинист.
„Им пречи се што е албанско на овие шовинисти криминализирани. Навикнете се на еднаквоста затоа што времето на етничките монополи заврши“, напиша Османи.