Ковачевски побара од институциите и министерствата да штедат
Премиерот Димитар Ковачевски ги повика министерствата и институциите во државата на максимално ниво да ги рационализираат трошоците што не се неопходни, вклучувајќи ги и привилегиите на актуелните функционери.
„Тоа значи дека сѐ она што не е неопходно во услови на криза воопшто да не се набавува или да не се троши. Тоа не се однесува само на користење службени возила, туку и на трошење на репрезентација, на службени патувања и друго. Министерствата треба да дојдат со план за намалување на трошоците во своите ресори“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто за ТВ 24 Вести.