Ковачевски: Безбедни сме, но ќе има штета од кризата во Украина (ВИДЕО)


Премиерот Димитар Ковачевски во своето  обраќање до јавноста во врска со ситуацијата во Украина, изјави дека воената агресија на Русија против земјата, која веќе однесе многу човечки животи, е чин кој силно го осудува.

– Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатлантската безбедност, вели Ковачевски.

Уште еднаш посочи дека заедно со сојузниците бара итен прекин на воените дејствија. Според него, овој 21 век треба да е век на дијалог, не на војни, но  и  во овие турбулентни времиња  безбедносната состојба е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Македонија.

 

Како што вели тој, Македонците треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, „ние уживаме и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот“.„Ве уверувам, нашата земја е безбедна!“ вели тој.

Според Ковачевски, најголемите предизвици за државата се економските.Поради воените дејствија, глобалната економска и енергетска криза се продлабочува. Не очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Ги следиме од блиску промените во светските економски текови и ќе делуваме во интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

Како што вели тој, Владата ги овозможи сите ресурси и енергија да се пренасочат кон справување со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството.

-Ги покачуваме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите, додава тој.

Тој вели дека Владата ќе работи за заштита на економијата, на животниот стандард на граѓаните, а секој денар од буџетот ќе биде насочен за полесно да го пребродиме овој бурен период од нашата историја.

 

Проследете го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски до јавноста по повод руско-украинската криза и влијанието врз нашата земја: