Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери
Ковачевски апелираше до сите политички субјекти што од денеска ќе бидат во Владата да го имаат во предвид целиот актуелен контекст
Со примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот премиер Димитар Ковачевски и претседателот на новата преодна Влада, Талат Џафери, од денеска почнува првиот работен ден на техничката влада задолжена за спроведување на парламентарните избори.
„Денес го реализиравме примопредавањето на функцијата претседател на Владата на РСМ во согласност со законските обврски за организирање техничка влада, чија основна задача е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори. Сите почнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очекувам посветеност во работата, концентрација на сите во Владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво“, порача Ковачевски.
Тој апелираше до сите политички субјекти што од денеска ќе бидат во Владата да го имаат во предвид целиот актуелен контекст.
„Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност, да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста. Владата успеа да воспостави систем што функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржат и одржат и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што ѝ прилега на држава членка на НАТО и држава со почнати преговори со ЕУ“, истакна Ковачевски.
Според него, изминатите две години не биле воопшто лесни.
„Тие беа години на исклучително голема европска, па и светска економска и енергетска криза, но и покрај тоа, направивме многу и никого не го оставивме сам“, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, како и за државен одоговор колку брзо ќе се движиме кон ЕУ.
„скуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме правиот и вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво, денес е подобро време, време во кое се слушаат аргументите, време во кое заробеното минато е историја, кога никој не треба да шепоти и да се крие за да го каже своет мислење,. Денес е време во кое како никогаш досега се зависи од нас самите, дома, бидејќи обезбедивме многу пријатели и сојузници во регионот и светот. Денес е време за оптимизам, вербв и за самодоверба. Денес е време за меѓусебна поддршка за заедничка работа, за државен одоговор, а не за дали туку колку брзо ќе се движиме кон ЕУ. Европската коалиција и во оваа Влада ќе биде столб на европската сегашност и на европската иднина на сите граѓани. Во тоа име и дадовме рака и бараме поддршка од сите прогресивни сили за да се продолжи на тој европски пат за да биде подобро за сите, а пред се младите и идни генерации“, нагласи Ковачевски.
Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од неговиот кабинет на министри во неговиот мандат од две години и речиси еден месец, му посака среќа и успех на новиот претседател на Владата за успешно справување со предизвиците.
Премиерот Џафери порача дека со Ковачевски се согласиле за примарните прашања кои ќе бидат во фокусот на Владата која ќе ја предводи – Уставот и законите ќе бидат основа на која ќе ја базира секоја одлука на Владата, и ќе продолжи со успешно спороведување на политиките на владината коалиција.
„Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните“, рече Џафери.
Тој најави одржување и унапредување на стартешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стартешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент.
„За Владата одржувањето и промовирањето на партнерството на РСМ во рамките на НАТО сојузот и останувањето доследен на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ немаат друга алтернатива. ЕУ интеграцијата и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од започнатите преговори и од билатералниот скрининг, како патоказ за реформите во јавната администрација и поглавјето за владеење на правото со акцискиот план и изготвување на патоказите за функционирањето на демократските изнтитуции се исто така восоко на агендата на Владата“, рече Џафери.
Тој уверува дека преодната Влада ќе работи транспаретно и отечно во интерес и благосостојба на граѓаните.
„Без оглед колку ќе трае оваа Влада ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање, соработка и инклузивност во работата на Владата обезбедувајќи секој сегмент и Министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се ефикасни во служба на граѓаните. Ние може да бидеме од различни провиненции во овој владин состав, но има нешто што не се менува, ние сме таму благодарени на вас, вашиот легитимитет и штитење на вашите интереси, создавање на благосостојба на граѓаните“, рече Џафери.