Ковачевски ќе го пречека Борел

Премиерот Димитар Ковачевски вечер ќе го пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел.Како што соопштија од Влада, предвидена е билатерална средба на Ковачевски и Борел, на која ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Од владината прес-служба најавија и дека Ковачевски и Борел во Медија центарот на Владата ќе дадат изјава за медиумите.
Посетата на Борел е по повод Министерскиот состанок на ОБСЕ што се одржува во Скопје, на кој ќе присуствуваат 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
На состанокотрел ќе се разговара за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место.