Ковачевски категоричен: Нема да имам средба со Лавров

Премиерот Димитар Ковачевски пред министерскиот состанок на ОБСЕ ја отфрли можноста да има билатерална средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
-Нема да имам средба со Лавров, одговори Ковчевски на директното прашање.
Ковачевски изрази надеж дека состанокот ќе биде успешен и дека ќе се донесат сите потребни одлуки кои веќе се договорени на ниво на амбасадори. Според него, секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија врз Украина – некои со неприсуство, други со јасно искажани ставови .
-Истото ќе го направам и јас, најави Ковачевски. Според него ова не е дипломатска победа на Русија туку на ОБСЕ бидејќи вака ќе продолжи да функционира и да биде гарант за развој на демократските и мировни процеси во Европа.
-Ако ОБСЕ пред 30 години ни помогна на нас, денес Северна Македонија му помага на ОБСЕ да продолжи да биде најголема незбедносна организавција на Европа, порача Ковачевски.