Ковачевски го повика Славески да им кажел на работници дека 18.000 денари се многу


 

Полемизирајќи со високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, премиерот Димитар Ковачевски денеска го повика да дојде и да им каже на рударите дека минималната плата од 18.000 денари била многу.

На вечерашнава трибина на СДСМ во Крива Паланка, Ковачевски рече:

„Креаторите на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ излегоа и кажаа дека била многу висока минималната плата од 18.000 денари, а во нивно време минималната плата беше 9.000 денари. И кој го кажува тоа? Трајко Славевски, економист кој вели дека го остварил македонскиот сон (реферерирајќи се на изјавата во едно интервју на Славески – н.з.). Нека дојде тој овде во Крива Паланка, нека се поздрави со овие наши сограѓани кои работат во рудниците, во Тораница, и ним нека им каже дека минималната плата треба да биде 9.000 денари, а не 18.000 денари“.

Тој зборуваше и за денешното почнување на изградбата на пругата од Куманово кон крива Паланка, велејќи дека тој проект 30 години стои во место. „’Пругата наречена надеж’ е сосема прецизна формулација. Свесен сум дека постои скептицизам, и разбирам зошто постои.  Системот има слабости, напукнат е на многу места.  Но, за да можеме да го поправиме, треба најпрво да си го признаеме, а потоа да засукаме ракавите, да се зафатиме со работа и што е најважно, да го сработиме. Затоа кажав и пред вас повторувм уште еднаш, пругата кон Бугарија станува реалност. Деценискиот сон на паланчани, но и на многу жители од овој регион и од целата држава, конечно ќе се оствари“, рече Ковачевски.