Костовски: ВМРО-ДПМНЕ има проблем бидејќи му верува на Мицкоски


Мартин Костовски

„Состојбата со ДПМНЕ е чудна. Сега се главните поддржувачи на кандидатот на БЕСА, знаејќи дека нивниот капацитет е нула. Оставени се сами на себе, сите побегнаа. Мицкоски се скара со секој што можеше да се скара. Ги залажува членовите во партијата дека ќе победи. Пушта некои лажни анкети за кои сите се свесни дека нема ништо да се оствари. Европскиот фронт предводен од СДСМ повторно ќе зададе сериозен удар на сите оние манипулации што ги прави Христијан Мицкоски. Тоа е негов проблем и проблем на неговото раководство коешто му верува слепо“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ – Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Во однос на изборот на член на ДИК, Костовски додаде дека оваа работа иако е техничка, не е завршена бидејќи партијата БЕСА не ги исполнува условите. Кандидатот бил претседател на огранок на таа партија. Согласно законските одредби членот не треба да има политичка функција и затоа комисијата го отфрлила.

„ ВМРО-ДПМНЕ влезе во коалиција со ДУИ и тоа е одлично. Повторно се виде дека само манипулира Христијан Мицкоски, само го лажете сопственото членство и граѓаните со сите оние услови дека никогаш нема да влезе со ДУИ во влада. Сега имаат четири-пет министри кои заедно седат со Талат Џафери и му се поклонуваат. Човекот што во 2012, 2013, 2014 година го викаа господине министре во Министерството за одбрана, сега го викаат припадник на некакви паравоени формации или човек што не заслужува позиција технички премиер и тука е таа конфузност и контрадикторност на ВМРО-ДПМНЕ која целиот овој временски период граѓаните добро ја гледаат, но сето ова беше печат на сите нивни лаги и манипулации“, заклучи Костовски.

Костовски додаде дека му пречи тоа што во последно време се дефинираат коалициите како етнички, меѓуетнички.

„Суштината на европскиот пат е да се направат вредносни коалиции, каде што СДСМ ќе биде стожерот на европски и евроатланските вредности за коишто се бориме сите овие години. Првата стратешка цел е остварена, влез во НАТО. Втората стратешка цел е отварање на преговорите со ЕУ. Очекуваме во наредниот период проевропското расположение коешто се рефлектира на самите анкети на граѓаните, над 70% да се манифестира и преточи во еден фронт кој го нарекуваме проевропски фронт на граѓаните“, потенцираше Костовски.