Skip to content

31/03/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Корубин: Талентот треба да се цени и негува, а уметникот да се натпреварува со себе

16/10/2019 12:53

Академскиот сликар Рубенс Корубин, кој 27 години беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, денеска повторно имаше средба со студенти на која зборуваше за своето творештво. Средбата се одржа во Чифте амам каде што од 8 октомври е отворена изложба со негови дела, насловена „Ателје, радоста на сликањето“. Таа е ретроспектива со која уметникот годинава одбележува два јубилеја –  70 години живот и 45 години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

Изложбата е организирана од Националната галерија и претставува 80-ина дела настанати во различни периоди и изработени во различни техники (акрилик, масло на платно, комбинирана техника…)

Корубин рече дека има три пораки за студентите гости на средбата кои го избрале сликарството за своја животна преокупација.

– Прво, да се ценат себеси и својот талент, тоа е сепак еден дар од природата и не е за отфрлање. Второ, да бидат постојани, талентот мора да се негува исто како што на едно цвеќе му давате вода и сонце, и трето – да учат цел живот, изјави Корубин.

Натпревар со самиот себеси, рече, е она што го следело цело време.

– Можеби имало и некои промени, не толку радикални, но никогаш не сум бегал од себеси и своите лични потреби. Едноставно, сметав дека морам да се следам себеси. И во тој контекст го развивам својот медиум, додаде Корубин.

Тоа им го кажа и на студентите кои го прашаа што е за него уметноста: „Чувство, мисла, емоционална интелигенција, кога човекот не се натпреварува со природата, туку со самиот себе“.

За сликарството рече дека е независна работа што му дава многу слобода, а визуелната меморија и перцепција ја развил од детството зашто, како што рече, припаѓа на генерација која растела без телевизија и светот го препознавал најмногу преку стрипот: „Стрипот беше сѐ – географија, историја, личности – познати и измислени, авантура…“. Тоа му ја поттикнувало фантазијата да црта, па подоцна не се разделувал од блокчето за скици, а на патување со себе секогаш носи кутија со бои.

Изложбата содржи дела од неговата колекција, некои создадени уште од 1975, една година по дипломирањето, како и десетина цртежи, штафелај на кој слика, а во една просторија во галеријата е претставено и неговото ателје.

Имал желба да го прикаже својот работен простор во кој поминува најмногу време, каде што прави креација од структурата, светлината и личните моменти. Во ателјето заборава на сѐ, рече, и има чувство на лична трансформација.

– Таму станувам друг човек, им рече Корубин на младите слушатели.

Тој потекнува од уметничко семејство. Негови колеги велат дека  талентот го наследил од татко му, Миле Корубин, познат сликар од повоената генерација македонски уметници, а дека со името Рубенс од раѓање му бил зацртан успехот на голем уметник.

На средбата со сликарот присуствуваа студенти од ФЛУ, Американ колеџ и од Европскиот универзитет, како и средношколци од училиштето за ликовна уметност.

Изложбата во Чифте амам може да се посети до 31 октомври. Националната галерија објави и каталог подготвен од историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски и покрај репродукции од делата на изложбата содржи и разговор со уметникот. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Бесплатни кино проекции на македонски филмови во Синеплекс
30/03/2026 13:03
Љутков го посети Спомен-домот на Разловечкото востание: Заштитата е клучна во пресрет на јубилејот
30/03/2026 12:03
Универзитетската библиотека донираше книги на КИЦ во Загреб
30/03/2026 11:03
Почнува Неделата на франкофонски филм
30/03/2026 07:03

Честа е голема, а општествената одговорност уште поголема: Интервју со Драган Даутовски за приемот во МАНУ
29/03/2026 11:03
Настап на реномирани уметници од Полска и Грција на завршниот концерт на „КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026“
29/03/2026 10:03
Три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах
29/03/2026 08:03
„МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева
28/03/2026 11:03

Најчитани


  • Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026
    27/03/2026 09:55
  • Аеродромци ќе имаат бесплатно паркирање само во зоната во која живеат – во другите ќе плаќаат
    28/03/2026 10:41
  • Лудница во Словенија: Ника Превц прелета фантастични 242,5 метри и постави светски рекорд
    27/03/2026 21:26
  • Зимата сè уште не е завршена! Доаѓа обилен снег, еве кога може да го очекувате
    24/03/2026 15:25
  • По 15 години директорување на Марјан Цветковски, МРТ ќе добие ново раководство
    25/03/2026 17:30
  • Од 1 април, зонско во Реонски центар
    27/03/2026 18:08

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење