Корисниците масовно го напуштаат Твитер
Голем број корисници на Твитер не се задоволни како Елон Маск управува со платформата, ни со промените кои милијардерот ги внесува во сервисот, па се во потрага по алтернативни платформи.
Радикалните потези на Маск, по преземањето на Твитер (отпуштање голем број вработени, воведување задолжителни претплати за верификација на налозите, најава за враќање на блокирани налоци и друго) ги натера корисниците да размислат за премин на алтернативни сервиси.
Истражувањата покажуваат дека повече од милиоон луѓе веќе го напуштиле Твитер, а многумина меѓу нив имаат избор од неколку помали платформи слични на Твитер.
Мастодон во моментот се појави како најпопуларна опција. Овој сервис е како Твитер, а се заснова на кратки пораки. Секој корисник се пријавува на независни сервери, кои ги има илјадници.
Основачот на Мастодон истакна дека на почетокот на седмицава овој сервис достигнал повеќе од милион месечно активни корисници, што секако не може да се спореди со Твитеровите 238 милиони активни корисници, колку што имаше во јуни.
Уште една потенцијална мрежа, која ги прифаќа „бегалците“ од Твитер е BlueSky, кој е покренат од еден од соосновачите на Твитер, Џек Дорси. Туак е и проектот Cohost, кој ветува дека нема да ги продава податоците на корисниците.
Во ек на ситуацијата со Твитер, порасна и популарноста на некои постари сервиси, како Тумблр и Клубхаус.
Останува да се види колкав степен на популарност ќе достигнат спомнатите алтернативи, иако малкумина веруваат кде анекој од нив скоро ќе забележи успех како Твитер.